Акција за вдомување на бездомни кучиња во Куманово

Во сабота (18 јануари) на градскиот плоштад со почеток во 10 часот, ќе се одржи настан за вдомување на кучиња скитници.

Вдомувањето се врши во соработка со Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“,Секторот за инспекција од општина Куманово и здруженија за грижа на животни.

Тие ги повикаа сите заинтересирани граѓани да се вклучат и да ја поддржат акцијата.