Акција на тетовци: „Кога семафорот е нефукционален, исто како да не постои“

Група на активисти од Тетово поставија предупредувачки знак на раскрсницата со семафори пред Тетовскиот Универзитет и средното медицинско училиште „Никола Штејн“ за да го нагласат проблемот со нивното нефункционирање.

Тие реагираат што подолго време општината не презема никакви мерки за регулирање на собраќајот во овој дел на градот, што придонело до зголемување од 22% на бројот на собраќајни несреќи во Тетово.

„Како последица на нефунксионирањето на овој семафор, во ова раскрсница, се случиле голем број на собраќајни несреќи. Пред два дена на истото место имаше тешка собраќајна несреќа, каде за среќа, немаше жртви. Можеби семафорот изгледа убаво како декорација, но сепак ова не е причината за неговото постоење. Кога еден семафор не работи е исто како да не е ставен на тоа место. Каде се локалните власти и зошто даночните обврзици не го добиваат тоа што го заслужуваат?“, реагираат активистите.