Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за млади поети

Со цел да ги поддржи и потикне младите креативци Агенцијата за млади и спорт за првпат објави конкурс за млади поети. Право на учество имаат млади на возраст од 15 до 29 години, кои немаат објавено збирки поезија, а до Агенцијата ќе треба да достават најмалку две поетски творби.

Твитап и размена на книги овој четврток во Чаршија

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра авторска творба. За прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора награда 10.000 денари, а трета награда 5.000 денари. Доставените творби, според најавата, ќе бидат оценувани од страна на комисија формирана од Агенција за млади и спорт, а најдобрите ќе се најдат во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2014 година.

Секој кандидат своите дела треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Конкурсот трае од 1 до 30 септември 2014 година. Адресата на која треба да се достават авторските дела е: Агенција за млади и спорт/Сектор млади/ Ул. Френклин Рузвелт бр.34, 1000 Скопје со назнака „за Конкурсот Млади поети “. Заинтересираните своите творби може да ги донесат и лично, во Архивата на Агенцијата.