Агенцијата DARPA бара идеи за вселенски роботи

Агенцијата DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency) на владата на САД, бара од сите да ги кажат своите идеи за конструкција на робот, кој би го испратиле во вселената.

DARPA финансира истражувања на новите технологии за национална одбрана на САД, и бара луѓе надвор од агенцијата да се сетат на нови и иновативни технологии кои би ги искористиле за роботи.

Агенцијата соработува со Open Source Robotics Foundation (OSRF) и BIT Systems (BITS), за создавањето на Robotics Fast Track програмата. Сé што треба да направите за да бидете дел од неа е да нацртате план за ваш робот, дури и ако е груб нацрт на салфета, и да го испратите на веб страницата на RFT, пренесува The Next Web.

Ако им се допадне вашиот план, ќе бидете повикани да склучите договор и да ви бидат доделени финансии за да ја изградите машината.

Дури и ако аплицирате со предлог и биде одбиен, RFT соработува со луѓето кои аплицирале, па ќе можете повторно да аплицирате доколку сте одбиени.