[Фото] Најдобрите фотографии од конкурсот со отпад од метрополата

Ви ги претставуваме најдобрите фотографии што стигнаа на нашиот мејл, откако ве повикавме да ни пратите фотки со отпад, по повод добивањето статус на Скопје како „Европска метропола на ѓубрето 2025“.

Додека политичарите се караа за тоа кој да ги земе заслугите за оваа престижна титула, ние имавме задача будно да следиме мејлови и редовно да проверуваме „спам“.

На наше изненадување, стигнаа голем број фотографии (над 50), во различни формати и со различна сочна содржина. Добивме фотки од кои излегува реа, креативност и урбаност. Фотки што даваат значаен придонес за да го документираме и архивираме овој значаен период во историјата на главниот град на Република Македонија.

Специјалната ѓубреџиска комисија одбра 15 фотографии, без разлика дали се сликани со апарат или телефон.

Во прилог ги објавуваме сите 15, со име и презиме на учесниците во конкурсот, по логичен редослед (вертикала па хоризонтала) и без фавозирирање по бројка:

1. Андријана Андреева 

 

2. Илина Јакимовска

 

3. Амела Абдиљи

 

4. Весела Трајковска

 

5. Софија Костовска

 

6. Бранко Николовски

 

7. Ивана Дракулевска

 

8. Мартина Стаматовска

 

 

9. Никола Здравевски

 

10. Ана Трајковска

 

11. Еди Фрчковски

 

12. Зорица Медарова-Стојковска

 

13. Ивона Петрова

 

14. Марина Мијаковска

15. Радица Миланова

***

Автор и уредник на конкурсот: Бојан Шашевски