Повик за 80 нови волонтерски позиции во локалниот волонтерски сервис

Со цел промовирање на активното младинско учество на локално ниво преку волонтирање,  Младински културен центар – Битола објави повик за 80 волонтерски позиции.

80 нови волонтерски позиции во локалниот волонтерски сервис

Корисници на волонтерските услуги ќе бидат локалните самоуправи (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Една шестина од волонтерите ќе бидат сместени и во граѓански организации кои работат на локално ниво. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.

За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.100 денари месечно. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2014 година.

Рокот за пријавување е до 5 декември 2013 година.

Со ова Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на петтиот циклус проектот„Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации или Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД – Кавадарци, Младински совет – Охрид, Агтис – Прилеп, Институт за развој на заедницата – Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.

Пријава може да се побара на следните е-маил адреси:

За Битола – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk

За Скопје – Младински образовен форум: policy@mof.org.mk

За Прилеп – АГТИС: agtis@t-home.mk

За Тетово – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk

За Охрид – Младински совет Охрид: mladinskisovet_oh@yahoo.com

За Кавадарци – СППМД: contact@sppmd.org.mk

За Свети Николе – Организација на жени: womsvetinikole@yahoo.com

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)