Младинската Асоцијација ИМКА Битола во соработка со Мировниот Корпус на Македонија и оваа година од денеска до 14-ти јули го организираат Младинскиот Лидерски Камп (Young Men’s Leadership Project) на кој ќе учествуваат 70 средношколци од Македонија, поддржани од 30 волонтери и персонал.
Кампот YMLP се одржува во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево. Се работи за осумдневен интеркултурен камп организиран во американски стил кој промовира лидерство, граѓанско учество и пријателство.
Програмата вклучува настава за: лидерство, личен развој, животна средина, граѓанска одговорност и младинска вработливост. Дополнително, камперите имаат можности за кампување на отворено во шатори со логорски оган, тимска работа на отворено, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други интересни активности.
YMLP кампот е организиран со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија, Европскиот Фонд за Демократија, Амбасадата на САД во РМ и повеќе корпоративни партнери и индивидуални донатори на краудфундинг.