62 германски воени бази ќе станат природни резервати

Поранешни германски воени бази кои сведочат за 50-годишната војна меѓу две светски велесили наскоро ќе прераснат во рај за ретки птици и други животни.

Германските власти ги објавија плановите да ги претворат 62 напуштени воени бази западно од Железната Завеса, во природни резервати за орлите, лилјаците, бубачките и клукајдрвците.

„Ние преземаме историска можност со оваа трансформација, многу области кои некогаш беа забранети зони повеќе не се потребни за воени цели. Имаме среќа што можеме да и ги вратиме овие места на природата“, изјави министерката за животна средина Барбара Хендрикс.

Севкупно, базите зафаќаат 41 000 хектари што е еднакво на  40 000 фудбалски игралишта. Овој резерват ќе стане продолжение на она што досега е познато како Европски зелен појас.