40 коњи починаа во Австралија поради сушата од високите температурите

Четириесет коњи се пронајдени мртви покрај пресушена бара во централниот предел на Австралија. Причината се екстремните временски услови, пренесуваат медиумите.

Мртвите тела на животните биле пронајдени од ренџери во близина на оддалечената заедница Санта Тереза. Освен нив, пронајдени се уште 50 други во лоша здравствена состојба.

Регионот се соочува со рекордни високи температури – веќе 12 дена температурата надминува 42 степени Целзиусови.

Но, не само централниот дел, целата територија на Австралија се соочува со долготраен топлотен бран.