3Д пешачки премин кој би можел да спаси илјадници животи

Безбедноста на патиштата во индискиот град Ахмедабад би можела да биде значително поинаква благодарение на две Индијки, Саумија Пандија Такар и Шакунтала Паднија. Мајката и ќерката креираа  пешачки премин со интересен дизајн, кој веруваат дека може да спаси илјадници животи.

Нивната верзија на „зебрата“, која во моментов се наоѓа на голем број крстосници низ Индија, е исцртана така што на возачите им изгледа како блокада на улицата, поради што инстинктивно ја намалуваат брзината.

Популацијата на Ахмедабад е околу 6.3 милиони жители, што го става во ранг со градовите како Њујорк.

Додека поголемиот број луѓе сметаат дека овој дизајн е одличен, има и такви кои тврдат дека шокот што го предизвикуваа оваа „зебра“ кај возачите може да доведе до други несреќи поради наглото запирање. Дали ова решение е добро за индиските улици ќе покажат идните тестирања. Сепак, 3Д зебрата како неконвенционално решение е потсетник за важноста на повторно размислување преиспитување на стандардните практики на преминување на улиците низ градот.