23 нови случаи и 10 починати лица од коронавирусот последните 24 часа

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 од 2.755 тестирања.

Според градови, новите случаи се регистрирани во: Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица: 5 лица од Скопје (88г, 80г, 74г, 66г, 57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Изминатото деноноќие регистрирани се и 1.191 оздравени пациенти.

Направените 2.755 тестови се преку: ИЈЗ-414, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–19,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–66, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-244, Биотек-431, Систина-165, лабораторија Лаор-451, Синлаб-19, Ремедика-15, Плодност–71, Генеа–95, Никоб лаб-19, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 431.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197. Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.