2000 евра и патување во Грузија – отворен повик до младите за Наградата за социјално претприемништво

Сите млади со идеја за социјален бизнис можат да аплицираат за овогодишната Награда за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018“ најдоцна до 8 мај (вторник, на полноќ).

Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми. Мисијата со наградата е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера.

Конкурсот е достапен на веб-страницата socialimpactaward.mk.

Најдобрите идеи во текот на летот ќе поминат низ период на инкубација со менторска помош за да се развијат. На крај од предизвикот, три тима имаат можност да освојат по 2000 евра, менторска помош и патување на Интернационалниот самит во Грузија, можности за вмрежување, растење и учење. За четвртата награда од заедницата е предвидена менторска поддршка и сметководствени услуги.

Наградата се доделува четврта година по ред, а нејзе ја доделува Social Impact Lab во соработка со организацијата Младиинфо, Пакомак, Фонд за иновации и технолошки развој и Конто профит.

Поддршката годинава има и од Шпаркасе Банка Македонија.