Ви претставуваме 20 видеа што ги објавивме изминатата 2025 година – во различни формати и од различни рубрики или настани, опфаќајќи теми од политикатa, активизмот, културата, образованието, екологијата…
[Мегафон] Критична маса: Годишно се случуваат по две дискотеки „Пулс“, потребни се структурни сообраќајни промени
„Критично е“ беше слоганот на Критична маса 91 што се возеше по скопските улици, со цел да се укаже на низа градски проблеми со кои се соочуваат велосипедистите, но и сите оние што барем малку излегле од удобноста на својот автомобил. Од небезбедни сообраќајни решенија, ширење булевари без концепт, толерирање бесправно паркирање, ставање контејнери кај што не им е место, дупки и шахти по вело-патеките… Листата е долга, а тоа велосипедистите секој ден го гледаат и живеат. Оттука, главна порака упатија до кандидатите за градоначалници, во очи на локалните избори: „На Скопје му требаат структурни промени. На Скопје не му требаат крпеници, туку ремонт“.
View this post on Instagram
„Големата вода“: Младите бендови не треба да се плашат од авторска музика
Во скопските гаражи и кафулиња се слуша звукот на едно ново име на македонската андерграунд сцена – „Големата вода“. Креативна мешавина на алтернативен рок, шугејз, пост-хардкор и сè измеѓу, тие свират емотивни и гласни авторски песни, со долги и неочекувани структури. Тимот на Радио МОФ го посети младиот бенд „Големата вода“ на проба, ден пред нивниот настап во „Браво бар“.
View this post on Instagram
Подкаст „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“
Во третата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правени во соработка меѓу Pro Peace и Радио МОФ, се зборуваше на тема „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“. Максим Никифоровски, Ивана Драгшиќ и Ханис Багашов разговараа за улогата на филмот и музиката во постконфликтното општество во Македонија. Во општество во кое недостасуваат повеќе професионалци во сите области, се отвори темата за меѓуетничката соработка на полето на уметноста. Дали нашите филмски и музички уметници, во своите дела ги обработувале темите на помирување, колективна меморија и соочување со минатото, или постои тивка (само)цензура за да не ги будиме духовите од минатото?
„Градини на заедништво“ на Микрофестивалот „Бостание“
„Бостание“ годинава беше на темата „Градини на заедништвото“ и понуди разновидни образовни, културни и забавни активности, наменети за сите возрасти. Настанот во општествената градина „Бостание“ започна во 14 часот и траеше до вечерните часови, со повеќе работилници, готвење, изложба и музичка програма. Се работеше за фестивал од отворен тип, со цел секој заинтересиран да дојде, да ѕирне во градината, да научи нешто за здруженото градинарство, да учествува во работилниците, или едноставно да ужива во дружба, музика, кулинарски авантури и самата градина.
View this post on Instagram
Што е муабетот со… дебатата?
Оваа 2026 година Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство. Натпреварот го организира Младинскиот образовен форум, Здружение основано во 1999 година под името „Дебатери“. Но, што е муабетот со дебатата? Како се дебатира, зошто е таа важна и какви дебати постојат? Погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ од рубриката „Што е муабетот со…“
„Скопје зборува”: На градот му треба еколошка едукација, квалитетно домување и одржлив транспорт
Ученици, пензионери, активисти и експерти од повеќе сфери се собраа на повик на „Еко логик“ да дискутираат и зборуваат во име на Скопје. На настанот „Скопје зборува“ отворија прашања – на што треба да се фокусираат идните градоначалници? Од еколошка едукација и подигнување на свеста, домување што ќе биде хумано, инклузивни практики, одржлив транспорт и управување со отпад и сето она што му е потребно на Скопје.
Александар Микиќ во „Дебели Гикови“ – „Глумата ми е работа, друштвенитe игри ми се пасија“
„Глумецот не се гледа во кафана, глумецот се гледа на сцена“ е позната речениза која познатиот Кирил Ристовски ја има кажано уште во првите академски денови на студиите на познатиот македонски актер и љубител на друштвени игри „Александар Микиќ“. Дебелите Гикови овој пат во малото студио, го имаа големиот актер познат по многу театарски и филмски улоги, човекот со најголема колекција на друштвени игри во Македонија… Со Микиќ, Дебелите Гикови фатија голем дел на теми поврзни со театарот, филмот, новите претстави во МНТ како што се „12“ и “Народен Пратеник“, и нормално за друштвените игри кои што се неговата најголема пасија.
Центар за поправки „Ништо ново“ – дојди, поправи, научи, помогни
Независно дали на некој му треба да го наостри кујнскиот нож, да го поправи тротинетот, или да зашие облека – тоа може да направи самостојно, користејќи ја опремата во Центарот за поправки „Ништо ново“ во скопската општина Кисела Вода. Наместо да се купуваат нови производи и да се трупа отпад, од АРНО велат: „ајде да поправаме“. Да учиме како да поправаме, следиме работилници, да разменуваме предмети, изјамуваме алат и да ги менуваме потрошувачките навики.
View this post on Instagram
Протест пред „Усје“
„Профит за Усје, болест за народот“, „Воздухот отиде у 500 ПМ“, „Дајте ве молам за убави работи да зборуваме“, „Скопје се гуши, државата молчи“… Ова беа дел од транспарентите и пораките на протест на раскрсницата пред Усје во Скопје, каде граѓани порачаа „Стоп за Усје“ и побараа низа мерки против аерозагадувањето во главниот град.
View this post on Instagram
Подкаст со Лупевска Созен: Во 2001 немав физичка закана, а сега преку Фејсбук секој може вербално да те напаѓа
Снежана Лупевска Созен е лицето на емисијата „КОД“, но и новинарката што во 2001 година, заедно со колеги, прва наиде на вооружени групи во Танушевци, на самиот почеток на конфликтот. Оттогаш се одбележуваат неполни 25 години. Лупевска Созен во подкастот зборува за случувањата на терен, како била држена во селото, но и потоа во полицијата, каде не ѝ верувале што видела и доживеала во Танушевци. Исто така, нагласува дека како жена новинар, во 2001 помалку се соочувала закани и насилство, отколку во денешно време.
Што е муабетот со… Законот за млади?
Законот за младинско учество и младински политики, познат како Закон за млади, беше донесен во 2020 година. Тој предвиде обврски за институциите, за да им помогне на младите да бидат поактивни. Сепак, до денес, законот слабо се спроведува. Недостасуваат механизми и простори преку кои младите ќе се собираат и одлучуваат за своите потреби, било да се тоа за култура, образование или социјализација. За да се надминат овие недостатоци, младински организации доставија предлог-измени до Собранието. Но, што е предложено со цел младите конечно да го добијат она што им следува? Што е муабетот со Законот за млади и кои се измените? Погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ.
Една година од мандатот на Владата – многу зборови, ама малку мерки за младите
Една година од мандатот на Владата, младите не добија премногу од ветените мерки. Новата извршна власт беше прилично гласна за младите, но единствено се фокусираше на делови од образованието и за новото Министерствот за млади, кое патем не е доекипирано. Останатите мерки чекаат – како на пример 500 студенти со највисок успех ќе добијат понуда за работа во приватниот и во јавниот сектор. Исто така, дека 10 милиони евра ќе бидат насочени кон претприемнички иницијативи за младинското вработување, ќе има попусти за млади за музеи и јавен превоз и натпревари, но и бесплатен интернет во сите студентски и ученички домови, библиотеки, читалници, младински центри и факултети.
View this post on Instagram
Македонија и Србија не мора да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја
Кочани и Богатиќ се единствените општини во двете земји – Македонија и Србија – што ги користат подземните топли води за загревање во зимските месеци. Наместо мазут, дрва или јаглен, јавни објекти во овие два града ја користат геотермалната топлина како еколошки и обновлив ресурс.
[Видео + фото] Осмомартовски марш во Скопје: Што ќе ни се ружи, кога немаме за леб
Во Скопје се одржа солидарен Осмомартовски марш, со цел да се одбележи борбата за слобода, автономија и социјална правда на жените. Воедно, имаше и повик за бојкот на големите ланци на маркети и трговски центри, за кои беше речено дека преку вештачки наметната инфлација ги доведуваат граѓаните до раб на егзистенција.
View this post on Instagram
Горазд Китановски – Кени во подкастот „Книжевни разговори“
Гостување на Горазд Китановски – Кени, поет и слободоумен човек во подкастот „Книжевни разговори“. Темата на рзговорот беше неговото творештво, поезијата во Македонија и пошироко.
„Статуафест“ – живите статуи од соништата
,,Соништа“ беше темата на последното издание на „Статуафест“ – настанот со живи статуи каде улицата го покажува своето друго лице, полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи. „Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација, ни даваат боја на секојдневието. Нашите живи статуи ќе ги разбудат вашите чувства, ќе ви понудат мигови на замисленост, и ќе ви покажат дека сонот и јавето се поблиску отколку што мислиме“, соопштија од „Театроск“.
View this post on Instagram
„Ираинспирира“: Инклузија во основно образование?
Колку основното образование има инклузија, како почна инклузијата и до каде е? Дали наставниот кадар, сака и може да создава инклузивно образование? Дали родителите сакаат и можат да помогнат во создавањето на инклузивнотот образование? Ирена Лозана во „Ираинспирира“ разговараше со Матилда Гашпар Бојкова.
Што е муабетот со… студентското организирање?
Веројатно сте чуле за Универзитетското студентско собрание – УСС при УКИМ, УКЛО, или УГД? Но, што е муабетот со ваквото студентско организирање? Што точно претставува, како функционира, и зошто воопшто постои? Радио МОФ го аналираше преку рубриката „Што е муабетот со…“:
Музика и стрип на „Стрип трип“ во МКЦ
Ако во 2024-та темата на „Стрип трип“ беше „Самураи во град“, неофицијално изминатава година беше „Музика и стрип“. Како главен гостин на фестивалот беше реномираниот стрип-автор Рајнхард Клајст од Германија кој во препознаен по графичкиите биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв и Џони Кеш, како и графичките романи „Боксерот“ и „Олимписки сон – Приказната за Самија Јусуф Омар“. Тој во МКЦ се потпишуваше на своите дела, меѓу и „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, преведена и на македонски јазик. „Стрип трип“ донесе и повеќе изложби, панел дискусии, цртачки сесии, стрип берза, проекција, музика, дружење… Спојка меѓу искусните автори со младата гарда која надоаѓа. Радио МОФ беше на „Стрип трип“ во сабота, 7 јуни, 2025 и направивме краток видео колаж.
View this post on Instagram
„ПИН“ повторно го наполни МКЦ
„ПИН“ повторно значеше повеќе настапи истовремено, распрскана енергија низ внатрешниот и надворешниот простор на МКЦ. Млади луѓе, меѓународна публика и постојани резиденти на Центарот движат по скалите горе-доле. Малку од овој бенд, малку од оној. Или слушни цел настап, па отиди на друг. Или отиди да си купиш маичка или пијачка. Или, едноставно, застани крај скулптурата „Малиот принц“ на муабет со другарите. Публиката повторно се потсети на оние денови кога МКЦ имаше пет пати повеќе настани и не беше заглавен во долгови.
+БОНУС
Еуфорична завршница на Критична маса
Финалето на Критична маса 91 беше на сцената ,,Лепеза” во Градски парк, каде велосипедистите наидоа на друштво луѓе кои таму веќе си правеа слава. Кулминацијата дојде во вид на дигање точаци во вис, а истовремено и музика од звучниците на славениците. Еуфорична спонтана спојка.
View this post on Instagram
Сончево и дождливо финале на „Сепак се врти“
Фестивалот „Сепак се врти“ на „Гола планина“ и пријателите вчера го имаше финалето во Скопје, откако годинешниот музички караван помина во Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица и Куманово. Целта, меѓудругото, е да се прикаже богатото македонско оригинално творештво, особено од новиот бран уметници, а притоа да се пркоси на зачмаеното стоење во место со музика и другарство. И, притоа, да се покаже дека „еве можеме, ние младите“. Како? „На наш начин“. Без цинизам и стоење на страна, туку со дружење, туркање и самоорганизирање. И на сонце и на дожд.
View this post on Instagram
Имерзивен театар со „Диско (в)Љубеници“
Во клубот ,,Минус Еден” се одржа ,,Диско (в)Љубеници”, најновата инклузивна претстава на ,,Трисомија 21″ во соработка со ,,Колектив Ветерница”, која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското. Преку неа беа отворени прашањата: ,,Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно?”. ,,Ветерниците” повикаа, а младо-старите дојдоа. Се вклучија. Влетаа околу сцена, и потоа на сцена. Без срам дали се чудни, смешни или трапави.
View this post on Instagram
„ФИЈУК саем“ дава свеж пристап кон независното издаваштво, уметноста и колекционерството
На едно место млади дечки групно сецкаат и лепат колажи. Пред нив уметник црта ново сличуле, истовремено на штанд ги нуди своите претходни дела. На трета локација неколку рандом луѓе расправаат за музички изданија. На четврто ќоше студенти застанати и се договараат за изложба, додека во позадина тера македонска музика од „стотројкаши“. Во Студентскиот културен центар (СКЦ) во март 2025 се случи „ФИЈУК саем“ на независно издаваштво, прв за изминатата година во Скопје. „ФИЈУК“ потоа прошета по разни локации и градови. Самото име на саемот е земен од стрип, најчесто кога пролетува куршум пишува „ФИЈУК“. Целта е да се покаже дека оружјето е во создавањето, творештвото, печатењето, во издавањето на книги, фанзини, фотографии, графики… Истовремено, да се зголемиме свесноста за колекционерската вредност на локалната уметност.
View this post on Instagram
Видеата ги селектираше и собираше Бојан Шашевски