[Видео] Музика и стрип на „Стрип трип“ во МКЦ

Ако лани темата на ,,Стрип трип” беше „Самураи во град“, неофицијално годинава е „Музика и стрип“.

Како главен гостин на фестивалот беше реномираниот стрип-автор Рајнхард Клајст од Германија кој во препознаен по графичкиите биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв и Џони Кеш, како и графичките романи „Боксерот“ и „Олимписки сон – Приказната за Самија Јусуф Омар“.

Тој во МКЦ се потпишуваше на своите дела, меѓу и „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, преведена и на македонски јазик.

„Стрип трип“ донесе и повеќе изложби, панел дискусии, цртачки сесии, стрип берза, проекција, музика, дружење… Спојка меѓу искусните автори со младата гарда која надоаѓа.

Фестивалот продолжи да ја раздвижува, но и да ја проширува стрип-културата, не само кај редовните стрипаџии, уметници и гикови, туку и оние што немаат допир со деветатта уметност.

Радио МОФ беше на ,,Стрип трип” во сабота, 7 јуни и направивме краток видео колаж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)