2.116 оздравени, 15 починати и 361 нови случаи на Ковид-19 последново деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 361 новозаболени лица од Ковид-19 од вкупно направени 2.176 тестирања.

Новите случаи, по градови се регистрирани во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-5, Кочани-9, Кичево-10, Гевгелија-2, Неготино-4, Делчево-6, Дебар-7, Крива Паланка-5, Ресен-9, Радовиш-4, Берово-7, Виница-1, Валандово-2, Македонски Брод-1, Кратово-3, Крушево-2, Пехчево-2.

Изминатово деноноќие од вирусот починале 14 лица, тројца вон а останатите во болнички услови. Меѓу починатите шест се пациенти од Скопје (55, 53, 80, 58, 61, 46г), еден од Куманово (75), двајца од Тетово (60 и 70г), еден од Прилеп (79г), еден од Охрид (55г), двајца пациенти од Струмица (73 и 69г) и еден пациент од Струга (77г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 2.116 оздравени пациенти. Од Министерството за здравство напоменуваат дека при проверка на системот нотирани се до сега неевидентирани оздравени случаи, кои се прикажани збирно во денешните статистички податоци.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 88.749, бројката на оздравени пациенти е 71.592, на починати е 2.696, а бројот на активни случаи изнесува 14.461.

Направените 2.176 теста се преку: ИЈЗ-352, ЦЈЗ Скопје-78,  Авицена-274, Биотек-206, МАНУ -106,  Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –128, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-36, ЈЗУ (рапид тест) -525, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 430.182 тестирања на Ковид -19.