15 музичари од регионот на балканска турнеја, во Македонија на 17 февруари

Вкупно 15 музичари од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, како и од САД ќе тргнат на турнеја низ Балканот. Нивните концерти се дел од програмата за културна размена и соработка OneBeat Balkans.

Музичарите соработуваат креирајќи музика, а истовремено се вклучени во мултидисциплинарна активности, организираат јавни работилници. Преку уметноста сакаат да го променат општеството на подобро, на пример да охрабрат подобар економски развој во овој регион.

Оваа 24-дневна програма вклучува 14-дневен престој на планините Ругова во Косово, проследена со 10-дневна турнеја низ Тирана (Албанија), Приштина (Косово), Скопје (Македонија), Нови Сад (Србија) и Загреб (Хрватска).

„Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период, учесниците ги споделуваат своите различни размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музика ќе патуваат низ сите земји од регионот, имено Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска“, велат организаторите.

Концертот во Скопје ќе се одржи на 17 февруари во Младинскиот културен центар со почеток од 20:00 часот. Во Кино Фросина заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска.

OneBeat, е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на „Bang on a Can’s Found Sound Nation” и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и Србија.

Повеќе информации за музичарите, концертите и настаните на следниот ЛИНК.