Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Неработниот ден се воведува поради одржување на предвремените избори за пратеници во Собранието и нема да се одработува.
Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата, поради непречено спроведување на Предвремените парламентарни избори.