„147 секунди за Кенија“ – студенти во Загреб оддадоа почит на починатите колеги

Сојузот на студенти на Универзитетот во Загреб, вчера во 14 часот и 7 минути организираше перформанс пред Хрватскиот народен театар во Загреб и во Ректоратот, во знак на сеќавање на загинатите 147 студенти на универзитетскиот кампус во Кенија.

147 студенти лежеле пред Националниот театар околу големи букви со кои биле испишани „Кенија“ и останале во таа положба 147 секунди. Студентите и граѓаните кои поминуваа и присуствуваа во тој момент дадоа момент на тишина.

Целта на овој настан е да се привлече вниманието на трагедијата и студентските жртви на тероризмот, да ја сензибилизира јавноста и да поттикне поширока дискусија меѓу граѓанскиот сектор, јавните институции и академската заедница за настанот во Кенија и контекстот на конфликтот во кој се случи трагедијата.

По завршувањето на перформансот, студентите го прочитаа манифестот насловен „147 секунди за Кенија“ пред Ректоратот.

„Тие беа синови и ќерки, браќа и сестри, деца и пријатели. Тие беа исто како нас, студенти и мечтатели кои ги следеа нивните амбиции за подобар живот. Од четвртокот, втори април, тие се спомени. Запаметени се од семејството, пријателите и луѓето од Кенија како невини жртви на нападот на човечкиот срам. Напад кој ја остави нацијата со потресени срца, но не го потресе и светот!“, се вели во манифестот.