120 нови случаи на Ковид-19 и пет починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија се регистрирани 120 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 1.367 направени тестирања.

По градови, новорегистрираните случаи се во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.

Од Министерството соопштија и дека се починати 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите Ковид-19 е дијагностициран постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 3.487, активни 1.941
•       Куманово 805, активни 197
•       Дебар 116, активни 64
•       Штип 394, активни 160
•       Прилеп 283, активни 53
•       Тетово 789, активни 373
•       Струга 274, активни 173
•       Велес 198, активни 44
•       Битола 63, активни 22
•       Охрид 209, активни 180
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 173, активни 103
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 17, активни 9
•       Крива Паланка 17, активни 11
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 7, активни 3
•       Кочани 75, активни 18
•       Пробиштип 28, активни 17
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 6, активни 4
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 47, активни 42
•       Кичево 49, активни 40
•       Ресен 122, активни 84
•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.367 теста се преку: ИЈЗ – 628, Авицена – 100, Биотек – 134, МАНУ – 115, Жан Митрев (Филип Втори) – 258, Систина со PCR метода – 116, ЦЈЗ Битола – 16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од Министерството за здравство информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.