#10yearschallenge: Што се случуваше пред 10 години?

Поттикнати од новиот тренд на социјалните мрежи #10yearschallenge во кој корисниците споделуваат фотографии од минатата и сегашната верзија од себе, решивме и ние да се приклучиме. Се навративме десет години наназад за да видиме кои биле главните теми во медиумите овој период.

Граѓаните во 2009 се најдоа пред тешка одлука – за кого да го дадат својот глас на претседателските и локални избори. Проблемот со влезот во ЕУ и спорот со името беше „жешка тема“ и тогаш. Да не заборавиме, пред десет години беа поставени и „скопските шмизли“, првите скулптури кои ги одбележаа почетокот на „Скопје 2014“.

Пребарувавме низ архивата на македонскиот агрегатор на вести time.mk, а оставаме на вас да оцените дали нешто се сменило.