100 граѓани се пријавиле како можни дарители на коскена срцевина на вчерашниот „Скопски маратон“

Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, како носител на националната камања „Биди срцевина, биди херој“, упати благодарност до сите учесници на вчерашниот “Виз Ер скопски маратотон“ за огромниот одзив на потенцијални дарители на коскена срцевина.

Од Клиниката информираа дека на нивниот штанд, за помалку од два часа, се пријавиле околу 100 доброволни дарители, кои од вчера стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30 милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот регистар. Најмладиот од нив имал само 17 години.

„Не прави неизмерно среќни и задоволни фактот што грѓаните и учесниците на вчерашниот маратон, покажаа исклучително висока свест за хуманост и солидарност. Одзивот ги надмина нашите најоптимистични очекувања и покажа дека можноста да се биде од полза за да се спаси нечиј живот е препознаена и кај нас. Луѓето сакаат да бидат дел од оваа заедничка хумана мисија. Честитки до сите хумани граѓани. Стручно-медицинскиот персонал на Клиниката за хематологија, Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ-Медицински факултет-Скопје, националниот координаторот за трансплантација заедно со пријателите и поржувалите на кампањата активно учество во маратонот. Тие истрчаа со цел да ја пренесат пораката на кампањата до сите присутни, дека со запишување во регистерот се зголемуваме можноста да се спаси живот“, додаваат од Клиниката за хематологија.

Тие додаваат дека кампањата „Биди срцевина, биди херој“ ќе продолжи и во други прилики, за да им ја доближат можноста на потенцијалните дарители, да се стават на располагање за да спасат нечиј живот.