1.285 нови случаи на Ковид-19 и четиринаесет починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира дека последново деноноќие регистрирани се 1.285 нови случаи на Ковид-19 во земјава од вкупно 3.404 тестирања.

Според градови новите случаи се регистрирани во: Скопје-522, Прилеп-79, Тетово-73, Велес-63, Битола-57, Струмица-36, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46,  Струга-25, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5,  Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.

Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1.110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661.

Министерството за здравство информира и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и  1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472  позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Направените 3.404 теста се преку: ИЈЗ-1.181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид -19.