„02 Предизвик“ Vol.2 – отворен повик за иновативни идеи за справување со климатските промени

Микро, мали и средни компании и сите млади кои се заинтересирани со своите иновативни идеи да придонесат во намалување на стакленичките гасови и заштитата на животната средина може да конкурираат на најновиот повик „02 Предизвик 2“ – Справување со климатски промени“ што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој.

Вкупниот буџет изнесува пет милиони денари и Фондот за иновации и технолошки развој ќе покрие 85 проценти од вредноста на проектот, но не повеќе од 30 илјади евра, додека останатите 15 проценти ќе треба да ги покрие самиот апликант.

Новина е тоа што овој повик ќе има регионална димензија односно потенцијалните апликанти ќе добијат посебна вредност доколку соработуваат со некоја научно-истражувачка установа или претпријатие од земјите од Западен Балкан.

Заинтересираните ќе може да ги достават своите апликации најдоцна до 15 април годинава.

Повикот се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.