„Стоп за фабриката Железара“- граѓаните најавуваат нов протест

Граѓаните и активистите по втор пат за еден месец ќе протестираат пред влезот на индустрискиот комплекс „Железарница“ во Автокоманда револтирани од загадувањето и издувните гасови кои излегуваат од фабричките оџаци.

Граѓаните најавуваат нов протест „Стоп за фабриката Железара“

Протестот е закажан во идниот петок, на 9 мај кога уште еднаш ќе побараат да не се пролонгираат роковите за поставување филтри, односно за исполнување на утврдените еколошки стандардите. Најзасегнати од проблемот се жителите на населбите Железара, Бутел и Аеродром, но загадувањето го чувствува и целата скопска котлина.

Иако рокот за воведување на еколошките стандарди беше 1 април , 2014 година, Владата на загадувачите им дозволи да работат уште неколку месеци и им се закани со казни. Жителите кои гравитираат околу индустрискиот комплекс беа револтирани од ваквото пролонгирање, бидејќи како што велат, кога оџаците чадат – во Скопје не се дише.

Протестот насловен „Стоп за фабриката Железара“е најавен во 16.30 часот, пред стадионот на „Металург“ каде ќе се блокира влезот на фабриката.