Избирачкиот список е достапен на интерет, а сите граѓаните можат да проверат дали се впишани во него и дали се внесени нивните точни податоци. Новина е тоа што освен по матичниот број, може да се пребарува и по име, презиме и општина, но и по адреса на живеење.
Ова им овозможи на граѓаните сами да проверуваат кој се е регистриран на одредена адреса, при што преку социјалните мрежи почнаа да се споделуваат спорни адреси дури и на станови во кои има впишано десетици избирачи, починати лица, но и на лица кои со години живеат во странство, а фигурираат на списокот. За споделување на ваквите „грешки“ на Твитер покрај #ДИК веќе се користи и хаштагот #СеПоСписок.
Димче Мирчев 0008 Скопје
115 луѓе или СТО И ПЕТНАЕСЕТ ЛУЃЕ!!!
2/2 #список pic.twitter.com/M7BE64OT1r— В!Дана (@VidanaDeSign) March 3, 2016
Во куќата на татко ми и мајка ми има регистрирано четворица елиенс на избирачкиов список. Каде треба да пријавам ?
— Igor Trajkovski (@mkrobot) March 4, 2016
Близу мене, во НАПУШТЕНА КУЌА (уште пред 30 години) “живеат” двајца гласачи. #СеПоСписок
— 42 (@forty_tw0) March 4, 2016
Комшиите накрши мене се 9 години Австралија, ги има во ова #СеПоСписок
— Црвениот Лебед (@morskiot_lebed) March 4, 2016
Just 2 min scrolling found a dead voter, she has been dead for 2 years… :)#Macedonia #сеПоСписок pic.twitter.com/trsqKHfndj
— Kaltrina Selimi (@TrinaSelimi) March 4, 2016
#СеПоСписок е измешано. Адреси со број 001 и 1, стари и нови имиња на улици… Излегува дека со попис полесно ќе поминевме.
— Dimitar (@DimeS10cent) March 4, 2016
Перформанс среде Скопје: Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2
Како што наведуваат од ДИК, според Изборниот законик, Избирачкиот список се објавува на веб-страницата со податоците: име, презиме и адреса на избирачите. Оттаму појаснуваат и дека секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини.
Состојбата на податоците во објавениот Избирачки список е 01.12.2015 година со вклучено полнолетство до 01.12.2015 година. За пребарување на избирачкиот список треба да се отвори следниот ЛИНК.