Збор звук сила

Збор звук сила

„Збор-звук-сила“ со Гето Руди на Радио МОФ
Радиоемисијата е предвидена да се занимава со регето како музички правец, а во шеесетина минути ќе се презентираат новитети во реге музиката, ќе се навраќа во минатото, ќе се одбележуваат различни важни настани низ годините што го одбележале регето или биле пресвртница за некој негов потправец…
Во „збор-звук-сила“ ќе се зборува за нови албуми, нови синглови, концерти не само во Македонија туку и особено на Балканот, па и пошироко, но и за растафаријанството и социјалните моменти од почетоците на регето во шеесеттите години на 20 век до денес и како тоа ја обликувало и влијаело на музичката индустрија.
——-

Збор звук сила со Гето Руди 25.04.2024 S02E08 19:00

Во осмото издание на „Збор, звук и сила“ (Word Sound & Power) му оддаваме почит на реге-ветеранот Тони Таф, кој почина пред неколку дена, а потоа слушаме рага-џангл ремикси претежно од Велика Британија, но малку и од балканските простори… Да ги размрдаме работите, да се раздвижиме и да се загрееме!

Уживајте во реге и даб и днб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

——-

Збор звук сила со Гето Руди 11.04.2024 S02E07

Во денешното издание на Збор звук и сила (Word Sound & Power) Регесаурус Гето Руди, десет дена пред сите, се осврнува на големиот светски празник – 4/20!

Во музичкиот колаж слушаме песни од различни реге-генерации, кои ја слават светата тревка, што Џа Растафари ја засадил на планината Сион! Уживајте во мелодиите и внимателно слушајте ги стиховите…

Уживајте во реге и даб и днб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

———

Збор звук сила со Гето Руди 28.03.2024 S02E06 19:00

Обиколувајќи го светот на реге-музиката, во шестото издание на Збор звук сила (Word Sound & Power) ќе застанеме во Холандија за да го чуеме тамошниот реге-звук, а потоа ќе продолжиме во Грција да видиме што се развива таму. Ќе завршиме енергично со американски драменбејс!

——-

Збор звук сила со Гето Руди 07.03.2024 S02E05 19:00

Петтото издание на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power). Слушаме музика од култниот реге бенд „Морган Херитиџ“ (Morgan Heritage), еден од творците на модерниот реге звук, и оддаваме почит на прерано починатиот пејач и фронтмен на овој бент – Питер Морган.

Уживајте во реге и даб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

———-

Збор звук сила со Гето Руди 22.02.2024 S02E04 19:00

Четвртото издание на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power) слушаме новитети од француската и словенечката реге сцена. А секако ќе појдеме и до Јамајка за да преслушаме малку музика и од островот каде што е измислена реге музиката. Уживајте во реге и даб со Регесаурус Гето Руди на Радио МОФ! 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

———

Збор звук сила со Гето Руди 08.06.2024 S02E03 19:00

Во првото февруарско издание на ЗБОР ЗВУК СИЛА (Word Sound & Power) го одбележуваме 79-тиот роденден на легендата на реге-музиката – Боб Марли. Слушаме музика од него, од неговите синови и од неговите внуци! А Регесаурус Гето Руди ни зборува за вистините и невистините околу животот на Марли и Марлиевци… 🌴🇲🇱🎶🇯🇲

___

Збор звук сила со Гето Руди 25.01.2024 S02E02 19:00

Второто издание од втората сезона на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power) 🟢🟡🔴
Секој втор четврток во месецот и слушајте квалитетни реге вибрации!

___

„Збор звук сила“ – Гето Руди S02 EP1 – 18.01.2024 – 19:00

Во премиерното издание од втората сезона на „Збор звук сила“ (Word Sound & Power) Регесаурус Гето Руди ни презентира хитови од осумдесеттите години, па сè до денес.
Слушаме реге и степерс кој доаѓа од Јамајка, Англија, Франција и Италија, а се разбира посветуваме внимание и на македонска реге сцена.
Бидете на виртуелната фреквенција на Радио МОФ во 19 часот секој втор четврток во месецот и слушајте квалитетни реге вибрации!