Македонскиот филм „Враќање“ во селекција на фестивалот во Олденбург

Агенцијата за филм ве известува македонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули е во строгата селекција на фестивалот во Олденбург.

Агенцијата потенцира дека на ова 25. издание на меѓународниот фестивал што ќе се одржи од 12-16 септемеври, нивни претставници од 13-17 септември ќе учествуваат на настанот MatchBox Coproduction Lounge.

„На покана на директорот на фестивалот, господинот Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање (филмски локации) и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услуги и филмски сервис“, велат од Агенцијата.

Олденбург филм фестивал е посветен на иновативни, независни филмови со силен авторски печат, а поради силните критериуми е наречен и европски „Санденс“.