Инфлуенсерите на Инстаграм под силни критики поради несериозните фотографии во Чернобил

Со големи критики се соочуваат корисниците на социјалната мрежа Инстаграм кои го посетуваат Чернобил со цел да се фотографираат на местото на историски најголемата нуклеарна несреќа. По огромниот успех на тв-серијата на ХБО за несреќата во Чернобил, интересот за посета на нуклеарната централа нагло се зголемил.

Инфлуенсерите се соочуваат со огромни критики поради впечатливите непристојни и провокативни пози во Припјат, местото каде илјадници луѓе ги загубија животите на 26 април, 1986 година.

На хаштагот #Chernobyl на Инстаграм, покрај повеќето фотографии кои документираат напуштени згради, можат да се забележат фотографии на луѓе кои позираат, скокаат и се смеат во близина на панорамското тркало и знакот на градот.

Според некои корисници на социјалните мрежи, ваквите фотографии се „срамни“.

„Ако ги погледнете фотографиите од Чернобил на Инстаграм, може да видите и вакви работи“, пишува една корисничка на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @nz.nik on


„Не знам за вас, но кога ќе видам место како ова, не престанувам да плачам со денови. Не знам како можеш да ги направиш ваквите фотографии“, објави друг корисник, чиј твит бил споделен повеќе од 7.000 пати.

33 години по несреќата, Припјат се уште е ненаселен и се очекува така да биде во следните стотици години.

Сепак, местото за туристи е достапно од 2011 година, кога властите одлучија дека е безбедно за посета.