Маици, блузи, фармерки, ташни, капи, чевли, книги, цедиња, стари играчки… Долга е листата на облека и предмети од втора рака што добија нова шанса на „Маалски бувљак 3“, кој повторно се одржа во дворот на „Комбо“ во скопската населба Железара.
Таму, повторно се создаде заедница од оние што продаваат, купуваат, оние што се дојдени да прошетаат, видат, слушнат, или едноставно дојдени да се дружат.
„Уште едно издание во кое посетителите повторно избраа да купуваат на одржлив начин. Забавната атмосфера и одличната енергија го издвојуваа настанот, покажувајќи дека пријатните искуства можат да се најдат токму во нашите сопствени населби“, посочија организаторите.
Настанот беше во организација на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост и Јуроп хаус Скопје.
Фото: Јуроп Хаус