Филмофилос

Филмофилос

Филмофилос – Актери и режисери. S1EP9 – 22.04.2024 – 21:00

Деветта епизода на подкастот „Филмофилос“

„Наместо философско-психолошка тематика, овојпат обработуваме тема од филмот: филмските двојки на режисер и актери. Од Тарантино и Турман до Петковски и Темова. Режисерот и дизајнер Марио Петковски, и актерката Сандра Темова ни раскажуваат повеќе за нивните заеднички и независни искуства во филмот. Преку нивниот однос ќе дознаеме повеќе како филмските двојки всушност функционираат“, вели Максим водителот на подкастот Филмофилос.

———

Филмофилос – Времето на Анти-хероите. S1EP8 – 08.04.2024 – 21:00

Осма епизода на подкастот „Филмофилос“

„Во XXI век, преплавени сме од филмски ликови со доста негативни карактеристки. Од Тони Сопрано, Волтер Вајт, па се до Виланел, овие ликови привлекуваат широки публики. Филмофилос ви го преставува Кристијан Фидановски, општествен научник и докторанд на универзитетот Оксфорд. Максим и Кристијан ги дискутираат причините, подемот и успехот на анти-хероиски ликови“, вели Максим водителот на подкастот Филмофилос.

——-

Филмофилос – Нарцисоидноста во филмот. S1EP7 – 25.03.2024 – 21:00

„Во оваа епизода ја дискутираме нарцисоидноста преку неколку филмски ликови-нарциси. Како вистински филмофили овие личносни карактеристики ќе ги препознаеме и анализираме преку главните ликови претставени во филмовите May, December (2023) и Sick of Myself (2022) лични препораки од нашиот водител Максим“, велат Максим и Елена водителите на подкастот Филмофилос.

——-

Филмофилос – Филмот и книжевноста S1EP6 – 11.03.2024 – 21:00

„Во оваа 6та епизода на подкастот Филмофилос преку разговор со Александар Маџаровски – Читачот, ќе дискутираме кој е односот помеѓу филмот и книжевноста. Дали можеби една од уметностите е посупериорна од другата? Низа на филмски остварувања и адаптации ќе бидат тема на нашата дискусија. За најверните слушатели препорачуваме да ги уловат многубројните книги и филмови споменати во видеото.“ – Велат Максим и Елена водителите на подкастот Филмофилос
———

Филмофилос – Религија и филм S1EP5 – 26.02.2024 – 21:00

„Во оваа епизода со нашиот гостин теологот Стефан Цветановски воведуваме трета перспектива во нашите анализи: религијата. Кои се филмовите инспирирани од религиски приказни, мотиви и симболи? Особено ќе дискутираме која е посебната врска помеѓу фантазијата и филмот, со особен осврт на филмови и серии од популарната култура: „Господарот на Прстените“, „Игра на престолите“ и сл.“ – Велат Максим и Елена водителите на подкастот Филмофилос

———

‘Филмофилос’ – S1EP4 – 12.02.2024 – 21:00

Во 4тата епизода на подкастот Филмофилос Максим и Елена со Нивниот гостин Дарко Јованов разговараат за: Митот за Суперхеројот

Дарко ќе нè почести со неговите неисцрпни познавања за франшизата на Марвел и ДиСи. Се впуштивме во дискусија за почетоците на создавањето на модерниот суперхерој; споредбата со античките херои и улогата на суперхеројот во денешницата. Темата инспирираше дополнителни прашања и потпрашања (и потенцијално одговори?) велат тие.

—-

Филмофилос- S1EP3 Перфекционизам – 29.01.2024

Често слушаме за перфекционизам и неретко си кажуваме дека сме перфекционисти. Сепак, што всушност значи поимот; кој тип однесување можеме да го дефинираме како перфекционистичко и од каде потекнува тоа чезнеење кон перфекција? Низ ликовите на Нина (Black Swan, 2010) и Ендру (Whiplash, 2014) ќе понудиме толкување и анализа и ќе откриеме што се случува кога перфекциознизмот ја доведува личноста кон екстреми.

———

Филмофилос – Депресија S01EP02 – 16.01.2024

Многубројни обиди се направени да се претстави оваа психолошка состојба на филмското платно, но според нас две серии ја доловуваат во одлична мера: американската серија „Боџек Хорсмен“ (2014) и британската серија „Флибег“ (2016). Следете нè денес додека отворено разговараме за депресијата од психолошки и филозофски аспект како и кратка анализа на главните ликови од сериите.

———

Филмофилос S01EP01 – 25.12.2023

Вовед во двата концепти кои се срцевина на нашиот подкаст: филозофијата на филмот и кинотерапијата. Преку овие дисциплини ќе биде претставен форматот на нашиот подкаст во кој Елена (психолог) и Максим (филозоф/режисер) ќе анализираат најразлични филмски и телевизиски ликови и приказни.

___