ЏЕФ Дебата како дел од активностите за Месецот на Европа, овој пат ви ја доближува контроверзната и актуелна тема за даноците, социјалната правда, особено фокусирајќи се на Законот за хонорари.
На темата ќе говорат:
1. Проф. Ванчо Узунов – професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ – Скопје и економски експерт;
2. Бојан Богевски – ко-основач на либертаријанскиот клуб Атлас;
3. Јасмина Голубовска – Платформа за граѓанска политика „Ајде/Hajde“;
4. Бранимир Јовановиќ – левичарско движење „Солидарност“.
Панелистите ќе ги аргументираат своите различни тези во врска со актуелната состојба со Законот за хонорари, неговата реалната примена, можните последици, европските решенија со позитивна пракса и начини како би се имплементирале во РМ со цел приближување на Македонија кон ЕУ.