Дебели Гикови

Дебели Гикови

Запознајте ги Марио и Огнен, двајца млади дечки кои што се фанатици по најголемото движење во светот – Поп Културата. После долго години имање идеја и обиди за креирање на подкаст емисија во Македонија, конечно нивните соништа се исполнија и направија нешто ептен ново што во Македонија до сега и ретко кој успеал да го започне да го направи!
Подкастот ‘Дебели Гикови’ е на самите почетоци, но се стреми да стане нешто поголемо, да стане медиум кој што ќе известува за најновите теми од делот на Поп Културата во светот, но многу повеќе и во Македонија. Подкаст каде што ќе се збори за филмови, стрипови, серии, игри, каде што ќе има многу гости кои што имаат удел во Поп Културата.

———

Дебели Гикови S01E16 – “Ристо Манасиев –WARHAMMER 40K” 26.04.2024 – 20:00

„Дебелите Гикови се вратија во студио со пола сила и со полна пареа веднаш направија огромен бум со новата епизода каде што збореа за една многу интересна тема која што не се збори доволно на нашите простори!
Дебелите Гикови во студио го имаа Ристо Манасиев (@_halfelfpaladin_) кој што е фанатик на Поп-Култура, но е еден од најголемите фанатици на “WARHAMMER” универзумот. Се работи за еден од најпознатите универзуми што е дел од Поп-Културата и Дебелите Гикови заедно со Ристо за околу час-ипол успеаа да го фатат секој аспект на се што е WARHAMMER, како се игра играта и се можно“, велат Марио и Огнен, автори и водители на подкастот.

——

Дебели Гикови Специјал: “Lenovo Legion Go – Рецензија 15.04.2024 – 18:00

„Се ближи лето и по тој повод Дебелите Гикови официјално почнуваат да слабеат! Мора да направат некое добро тело за летово стомачињата да си ги сончаат на плажичка.
Иако они почнаа, сепак најголем инцијатор за ова беа дечките од Анхоч Гејминг кои што преку @comics.mk им дадоа еден многу специјален гејминг уред прво за рецензија а потоа и за уживање “Lenovo Legion Go”.

Дебелите Гикови во соработка со Comics.mk скрчкаа една многу добра рецензија за уредот на која што сите вистински ги покажаа емоциите и чуствата на самиот уред за тоа колку е добар и работите што ги нуди. На рецензијата можете да го видите Огнен иако беше најстар како се чуствуваше како мало дете што добило нова и интересна играчка“, велат Марио и Огнен, автори и водители на подкастот.

——-

Дебели Гикови 04.04.2024 – 20:00 S01E15 – “Гаја Смилевска – Скрши што судбината гради“ + Многу Гејминг Муабети

„Секогаш е убаво кога има нешто ново што може да се понуди, посебно е убаво кога е нов македонски стрип! Ретко го гледаме тоа, но кога и да го видиме, едноставно мора да го што е можно побрзо и да уживаме во тоа!

Дебелите Гикови Марио и Огнен во новата епизода на гости ја имаа Гаја Смилевска која што е автор и цртач на новиот македонски стрип ‘Скрши што судбината гради’ кој што раскажува многу забавна византиска приказна која што се случувала на нашите простори! Сите кои што сакаат да го имаат стрипот тоа можат да го сторат со присуство на промоцијата на 05.04.2024 во ‘Буква’ со почеток од 19:00h! Дојдете сите на пијачка и стрип!

Но сепак, Дебелите Гикови решија дека епизодата нема да биде само промоција на новиот Македонски стрип туку ќе биде збогатена и со многу разни муабети поврзани со делови од Поп Културата како нови филмови, серии, и игри!

Студиото на Радио МОФ се вжешти кога Марио и Огнен влегоа во една многу сериозна дискусија која што беше поврзана со гигантите PlayStation и Microsoft! Имаме дојава дека техничарите зад камерите биле спремни да скокнат доколку се случело инцидент! (мала шала нормално)“, велат Марио и Огнен, автори и водители на подкастот.

Уживајте во Дебели Гикови

——

Дебели Гикови 28.03.2024 – 20:00 S01E14 – Билјана и Јан од Јапан@МК

„Дебелите Гикови Марио и Огнен оваа недела ве носат на една многу интересна подкаст авантура од Македонија до Јапонија! Бидејќи долго време фановите им бараа на Дебелите Гикови да зборат нешто повеќе за Јапонската култура како Аниме и Манга, они решија дека во студиото ќе ги викнат луѓето кои што се занимаваат со тоа… @japan.net.mk

Јапонците кои што беа гости беа Билјана и Јан кои што се дел од Јапан@МК, луѓето кои што се причината зошто во Македонија како народ сме поблиску до Јапонија и се тоа они што го нудат! Главната тема за кои што беа на гости беа за нивниот “Сакура Фестивал” кој што ќе се случи на 1ви Јуни во МКЦ!

Но сепак не се збореше само за тој фестивал, се збореше за многу интересни теми кои што се нормално поврзани најмногу со Аниме и Манга уметноста, Јапонија во целост и многу повеќе“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——-

Дебели Гикови 21.03.2024 – 20:00 S01E13 – Јане и Кире -> Rogue Brush & EpicMiniPrint

13та епизода на подкастот „Дебели Гикови“.

„Гужва пред гол и гужва во студито! Дебелите Гикови Марио и Огнен малку повеќе го скршија мразот овој пат со тоа што во студио за првпат имаа 2ца гости! Изгледа малку им беше гужва да имаат со по еден гостин па сега мораа малку да ги кренат стандардите!

Во новата епизода на Дебели Гикови на гости беа едни многу јаки ентузијасти “Јане и Кире” или познати како“Rogue Brush и EpicMiniPrint” кое што се луѓето кои што прават “Диорами”. Тоа се едни мали фигурчиња кои што се во големина како паричка и со кои што се рекреираат познати сцени од филмови, стрипови, игри и разни приказни!
Можете многу да научите за овие работи во новата епизода од Дебели Гикови, иако на пола муабетот се префрли целосно од Диорамите и 3Д Принтањето, на нешто сосема друго бидејќи сепак кога Гикови ќе седнат и прават муабет… нема крај едноставно“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

Уживајте во Дебели Гикови

—-

Дебели Гикови 14.03.2024 – 20:00 S01E12 – Владимир Битољану, Стрип Книжарница Бункер

„Во секоја емисија Дебелите Гикови носат еден куп стрипови и фигури од Поп Културата и цело време кажуваат Бункер… Бункер… Бункер… И по тој повод гиковите едноставно мораа да го донесат на подкаст човекот кој што е креатор на најпознатата и единствената стрип книжарница во градот – БУНКЕР!

Дебелите Гикови како и секоја епизода така и оваа опфатија интересни теми со Владимир каде што зборуваа за историјата на Бункер, опфатија историја на Македонија и Југославија, убавината на стриповите, теми поврзани со Поп културата и многу многу повеќе“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——

Дебели Гикови 07.03.2024 – 20:00 S01E11 – Игор Јовчевски од Стрип Квадрат

11та епизода на подкастот „Дебели Гикови“ вечерва премиерно на јутјуб каналот Radio MOF во 20 часот.

„Многу стрип… Многу Каунтри музика… И нормално многу добри муабети и забава и оваа недела со Дебелите Гикови Марио и Огнен!
Како и секоја недела, така и оваа во студиото Гиковите имаа еден многу интересен гостин кој што е доста познат на Македонската стрип цена, креатор на многу стрипови, и човекот со најдобриот Каунтри стил со години – Игор Јовчевски.

Дебелите Гикови ако и секоја епизода така и оваа ги опфатија раните почетоци на гостите, добивме многу информации на што има работено Игор, кои му се омилени прокети, Стрип Квадрат, Стрип Трип и многу други работи“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——

Дебели Гикови 29.02.2024 – 20:00 S01E10 – Никола Темков од Стрип Квадрат + Многу Вести

„Златна десетка! Дебелите Гикови Марио и Огнен официјално ја достигнаа златната десетка од нивниот подкаст со толку успешно снимени прекрасни епизоди! А нормално со специјална јубилејна епизода мора да на гости да имаат и специјален гостин.
Оваа недела Дебелите Гикови на гости го имаа Никола Темков од Издавачката Стрип Куќа “Стрип Квадрат”. Многу успешен цртач кој сме го виделе да работи дела и за домашен, но и за странски пазар!
Сепак Дебелите Гикови зад себе имаа една многу интересна недела каде што излегоа многу нови и уникатни вести и информации поврзани со филмови, серии и игри… Посветија доста внимание на играта Skull and Bones, новата серија Shogun на Amazon Prime и новата серија на Нетфликс – Avatar: The Last Airbander“, велат Марио и Огнен авторите и водителите на подкастот.

——-

Дебели Гикови 22.02.2024 S01E09 – Здравко Гиров од МакСтрипови 20:00

После недела дена мала пауза Дебелите Гикови Марио и Огнен официјално се вратија во Студио! И нормално… повторно во студиото се вратија со Пица во крупен кадар!
Но не се вратија само со Пица, се вратија и со еден многу добар гостин! Во новата епизода дебелите гикови на гости го имаа Здравко Гиров од МакСтрипови! Цртач, Илустратор, Аниматор и буквално човек од кој што може да се научат многу работи!
Муабетот зо Здравко никогаш не може да запре бидејќи човекот е енциклопедија, па затоа и ова е првата епизода од Подкастот која што го прекрши времето од 2 часа траење! Велат Огнен и Марио.

Уживајте во Дебели Гикови

—-

Дебели Гикови 08.02.2024 S01E08 – Гораст Цветковски – Гејмингот во Македонија

Во осмата епизода на подкастот гостува Гораст Цветковски од GG.mk.

„Во денешно време да си Гик и Нрд, па дури и фанатик на Поп Културата и целата таа Субкултура е едноставно магично! Кога ќе сфатиш дека се е споено во едно, стриповите, гејмингот, музиката, книгите, филмовите, сериите и се останато, како можеш да одолееш а да не се впуштиш во сето ова патешествие?!

Дебелите Гикови Марио и Огнен овој пат на гости го имаа Гораст Цветковски Актер, Водител, Стенд-Ап Комичар и Гејмер!

На Гораст најпознатата реченица меѓу овие кругови е “Јас сум најдобриот гејмер меѓу актерите, и најдобриот Актер меѓу гејмерите”. За која што Дебелите Гикови Велат дека ја потврдил и докажал во новата епизода.

Дебелите Гикови, кој што еден од нив му е и колега во бизнисот и движењето опфатија огормен број на теми како што е уметноста со театарот, а нормално и целото движење со GG.MK и Гејмингот во Македонија! Гораст дојде со страв дека ќе збори за стрипови и филмови, а душата му се наполни кога слушна дека ќе се збори за Гејминг!“, велат Дебелите Гикови.

———-

Дебели Гикови – Војдан Paragons Comics 01.02.2024 S01 EP7 – 20:00

Поп Културата цело време расте и се шири, па затоа Дебелите Гикови полека се враќаат на здрава исхрана, сакаат малку да се смалат. Но движењето никогаш нема да запре! Дебелите Гикови Марио и Огнен на гости во оваа епизода го имаат Војдан Андонов, основачот на новата и младата Стрип Заедница во Македонија – Paragons Comics. Денес на овој прекрасен ден (01.02.2024) заедницата слави една година постоење, и едноставно дебелите гикови мораа да прослават со сниање на една спцијална епизода во нивна чест!
Дополнително се опфатија многу новости од делот на Поп Културата како например која е прекрасната глумица која ќе биде новата Super Girl, 70.000 отупштања од гејминг индустриајта за само еден месец, како е да се ужива во Tekken 8 и многу повеќе!
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН PARAGONS COMICS!

Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ

——-

Дебели Гикови 25.01.2024 – S01E06 – Давид од Comics.mk – Tekken 8 Турнир, Оскари, Дебати и Пица

Минатата недела мразот беше скршен во Студиото на Радио МОФ и на подкастот на Дебелите Гикови со тоа што беше првиот гостин. Но после секој прв мора да има и втор гостин. Овој пат Дебелите Гикови Марио и Огнен имаа голема чест како Гостин да го имаат Давид Ристовски, креаторот на најголемиот медиум на Социјалните Мрежи за Поп Култура – COMICS.MK
Со Давид Гиковите збореа за многу новости кои се случија во текот на неделата, се зборeше и за историјатот на Comics.mk. Најголемиот дел се посвети на муабет Оскарите за оваа година каде што сите даваа свои мислења.
Уживајте во Дебели Гикови.
Секоја недела нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ

___

Дебели Гикови S01E05 – Давор Драмиканин од Макстрипови – Новата Стрип Школа за Младинци и Средношколци – 18.01.2024 – 20:00

Официјално Дебелите Гикови Марио и Огнен во нивниот подкаст го имаа првиот гостин, Давор Драмиканин. Во Македонските стрип кругови Давор е многу познат и од фанови, и од уметници и од читатели и од буквално сите. Креатор е на голем број Македонски стрипови, но можеби најпознат е по креирање на првиот Македонски супер Херој “Ајвармен”. Со Давор, гиковите направија една огромна ретроспектива на Македонската стрип сцена и цело време се преместуваа во модерното време, но и едно добри 30 години назад кога Македонската стрип сцена започнувала. Воглавно Давор Драмиканин беше гостин во “Дебели Гикови” со една главна причина. Во Скопје пред крајот на јануари започнува новата Стрип Школа која што е наменета за Младинците и Средношколците! Секој кој што сака да биде дел од стрип школата ќе може да се пријави на листата за учество. Стрип школата ќе се одржува секоја сабота започнувајќи од 27ми јануари. Секоја сабота од 12:00h во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) младите ќе можат секоја недела до мај месец да пристуствуваат на околу 12 часовна школа. Во стрип школата младите ќе научат многу работи за стрипот и уметноста…
А мал спојлер што ќе ви направиме уште сега… Има голема шанса дека вашите финални дела ќе се појават на следниот Стрип Трип фестивал ова лето!

Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недела нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!

___

Дебели Гикови S01E04 – Golden Globes 2024 – 11.01.2024 – 21:00

Дебелите Гикови Марио и Огнен се вратија од зимскиот распуст во студиото каде што живее и се слави Поп Културата од страна на нрдовите и најјаките фаци на светот со многу новости! И овој пат студиото мирисаше и блескаше од убавината на стриповите и пластичните фигури на кои што се палат сите!

За жал во оваа епизода беше малку посна, немаше мрсење со пица или некоја друга брза храна, но… има голема шанса следната епизода да биде исполнета со многу кебапи и студиото да мириса на скара за први мај!

Гиковите ги опфатија сите новости кои што распукаа уште на самиот почеток од годината за тоа кои се новите филмови и серии што ќе се прават, нови актери во култни проекти и многу повеќе.
Но главната тематика сепак беше Golden Globes 2024

____

Дебели Гикови S01E03 – Најдоброто од 2023 година + Mukbang

Дебелите Гикови Марио и Огнен официјално ја снимија последната епизода од нивниот подкаст за 2023 година на еден специјален начин! Студиото мирисаше на најубавиот мирис на секој гик – Стрипови, но сепак најбитниот дел беше Пицата и пијачката која што беше покриена со трака! Како за последна епизода годината, и специјална со новогодишна тематика, дебелите гикови дојдоа спремни со “Mukbang Епизода”

„Сакаме да се заблагодариме најмногу на сите вас кои што активно не следите, гледате и слушате на било која платформа и уживате во Подкастот Дебели Гикови Сакаме да се заблагодариме најмногу на @radiomof кои што ги препознаа нашите идеи и визии за каков Подкаст фалеше во Македонија! Благодарност до нив кои што целосно не обезбедија со студио, опрема, техничка екипа, греење, ладење, пиење, храна… Иако годината ја завршуваме со само три епизоди, можеме комотно да ви најавиме дека во следнава 2024та ќе ГАЗИМЕ со Подкаст епизоди и останат контент! Уфф што ве чека! Дебелите Гикови се враќаат за брзо време, негде средина на јануари, одма после зимскиот одмор. До тогаш треба да одморат со тоа што ќе се најадат многу руска салата, многу прасечко и јагнешко, и многу кифлици “, велат Дебелите Гикови.

____

Дебели Гикови 20.12.2023 S01E02 – One Piece добива Remake,Историјат на Marvel Comics и What If…

Дебелите Гикови Марио и Огнен овој пат дојдоа со огромен асортиман на стрипови и фигури и го наполнија целото студио со прекрасна сценографија!

Во оваа епизода опфатија информации околу Jonathan Majors и неговото бркање од Marvel Cinematic Universe.

Дознаваме дека познатата серија “Peaky Blinders” добива 2 спин-оф серии, а Games Workshop потпишува договор со Amazon Prime за правење на Warhammer 40K серија.

———-

Дебели Гикови – “Пилот Епизода – Почетоците и Запознавањето” Четврток 14.12.2023 – 21:00

Во оваа прва, пилот епизода „Почетоците и запознавањето“, ќе се запознаете со Марио и Огнен, двајца млади дечки – фанатици по поп-култура. Ова е подкаст во кој се збори за филмови, стрипови, серии, игри, а исполнет и со гости од поп-културата.
После долги години имање идеја и обиди за креирање на подкаст емисија во Македонија, конечно нивните соништа се исполнија и направија нешто ептен ново во Македонија.
Уживајте во првата епизода и пишете ги вашите импресии и сугестии, Марио и Огнен едвај чекаат да ги прочитаат. Дебелите Гикови се спремни да направат бум!

Покрај видео епизодата овој подкаст е достапен и на аудио:

____