[Дебата] Средношколски активизам за промени во средното образование


Пленумите од студентите и професорите се проширија и на средношколците и на наставниците. Иако во периодот што измина во јавноста доминираше активизмот на студентите и проблемите во високото образование, формирањето на Наставничкиот и Средношколскиот пленум фрла повторно акцент и на многубројните проблеми во средното образование.

Кои се барањата на двата пленуми? Зошто средношколците протестираат против полагањето математика како дел од државната матура? Кои се ефектите од екстерното оценување на учениците? Што се случува во средните училишта по завршувањето на штрајкот на СОНК и дали наставниците се задоволни од постигнатиот договор меѓу Министерството за образование и наука и синдикатот?

Ова се само мал дел од прашањата за кои ќе се разговара во дебата на Радио МОФ посветена на проблемите но и активизмот во средното образование.

Гости во Радио МОФ се наставниците од СЕПУГС „Арсени Јовков“ и членови на Наставничкиот Пленум, Енвер Ајдини и Жана Живадиновиќ, како и претставничката на Средношколски пленум, Сара Секуловска. Се чека одговор на поканата на претставник од Министерството за образование и наука.

Водител на дебата е новинарката Кристина Озимец.