Почнува „ПИН“  – три денови музички дискусии, работилници и концерти на шест сцени во МКЦ

Новото издание на „ПИН“ – меѓународната музичка конференција и концертен саем – почнува денес, 27 ноември и ќе се одржува три дена, до сабота 29 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„Станува збор за единствениот ваков настан во Македонија, воедно прв и најголем на Балканот, а кој во Скопје ги собира музичките професионалци од целиот свет, претставувајќи ја пред македонската публика музичката авангарда и новата сцена од цела Европа“, посочуваат од „Пасворд“.

Со слободен влез за сите посетители, на „ПИН 2025“ ќе се одржат концерти на вкупно 55 музички артисти кои ќе настапат на шест сцени во МКЦ, како и конференциска програма со над 30 панел-дискуии, презентации, предавања и работилници со повеќе од 400 учесници, музички професионалци, уметници, претставници на фестивали, клубови, медиуми, културни институции, кои пристигнуваат од над 30 земји ширум светот.

Оваа година на „ПИН“, фокус-земја е Франција, која ќе биде застапена со девет француски артисти, како и 20 француски делегати.

„Тридневната бесплатна програма со концерти, панел-дискусии и работилници, вклучува и исклучително важни теми од јавен интерес: ‘Скопје – Европски град на културата?’, ‘Безбедност на настани’, ‘Ментално здравје во музичката и креативната индустрија’, ‘Дијаспора/извоз на култура’, ‘Направи Сам турнеи’, ‘Независни фестивалски модели’, ‘Еколошки стандарди’ и многу повеќе теми во програмските активности на ‘ПИН’ објавени со сите детали на официјалната веб-страница“, нагласуваат од „Пасворд“.

Панелот насловен „From Bid Book to Real Life“, посветен на Скопје 2028, анализира: Ќе ја претвори ли Скопје титулата „Европски град на културата“ во трајни резултати, ќе поставиме ли јасни и транспарентни извршни субјекти, стандарди и календар на активности? Во оваа дикусија гостите се од Нови Сад, Веспрем (алумни градови) и Никшиќ 2030 (идна престолнина).

„Тешка, но неопходна дискусија опфаќа панелот кој се наметна по трагедијата во Кочани со сведоштва и експерти: што се случи во Македонија, што научи Романија (Colectiv) 10 години подоцна, и кои се минималните стандарди за клубови и фестивали за безбедно функционирање. На овој панел пристигнува еден од најголемите професионалци за безбедност на настани во Ирска, директор на најголемата компанија за обезбедување, како и гости од Романија, Франција, Грција и Турција“, стои во соопштението на „Пасворд“.

Работилницата „Get in the van“ ќе покаже што сѐ опфаќа една турнеја; како независните музичари да преживеат без државни пари, што се и како се корисни: crowdfunding, member clubs, bar splits, микро-партнерства?

„ПИН“ го разгледува и односот фестивали наспроти соло концерти — кои се новите трендови? Ќе се зборува и за односот Исток/Запад: Кој ги поставува европските „стандард(и)“ за култура; дали Истокот е рамноправен во финансирање, видливост и иновации.

Во склоп на работилниците на ПИН, публиката ќе има прилика да учествува и на:

-Listening Session – преслушување на музиката на финалистите на „Лузер Фест“ за професионален фидбек од експерти + награди (351 Studio lyric videos).

-Sync Workshop – практичен вовед во музика за филм/ТВ/адвертајзинг/гејминг со меѓународни гости.

-Професионални средби: брзи состаноци (matchmaking), презентации на фестивали и агенции.

Организацискиот тим за овој настан вели:

„ПИН е место каде конкретни процеси и стандарди можат да се донесат и применат, дома и во собрание – од безбедност и инклузија, до стандарди и стратегија за извоз на културата.  И оваа година ‘ПИН’ ни носи многу музика и знаење“.

„ПИН“ музичката конференција е во организација на „Пасворд Продакшн“ и се реализира како дел од дополнителната програма на фестивалот „Таксират“.

Целосниот распоред на музичката програма, како и на дневната конференциска програма на ПИН се објавени на pinconference.mk , како и на официјалната апликација која е достапна на: https://tmsqr.link/pin-music.

Во продолжение, ви ја претставуваме програмата по денови:

Четврток, 27 ноември

Петок, 28 ноември

Сабота, 29 ноември

Потсетуваме и како беше на ланскиот „ПИН“:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by radiomofmusic (@radiomofmusic)

Бојан Шашевски