Меѓу станбените блокови карактеристични за населбата Железара, Здружението за креативна одржливост „Комбо“ заедно со Јупор хаус започнаа комунална градина.
Како што најавија за „Ре-засади“, се работи за градина, простор од каде секој ќе може да земе растение или цвет и да понесе делче зеленило дома.
„Собравме земја и гранки, направивме саксии од стаклени и пластични шишиња, а потоа садевме растенија во нив. Покрај убавата дружба, ја препознавме потребата од негување зелени навики со цел да го подобриме нашиот однос со животната средина“, соопштија организаторите.
Фото: Јуроп Хаус