Прашај паталец не гаталец

Прашај паталец не гаталец

——-

„Прашај Паталец не Гаталец” – Кристина Тасева 14.05.2024 S1EP4 – 20:00

„Ана и Влатко овој пат дискутираат со Кристина Тасева студент на универзитетот Ворик(Warwick) во Англијa.

Дали некогаш сте се натпреварувале, или сакате да се натпреварувате? Слушнете ги искуствата и советите на Кристина која има освоено многубројни награди на интернационални натпревари по математика и информатика. Дознајте колку нејзините успеси на натпреварите влијаеле на нејзиното запишување на факултетот и како истите влијаеле на нејзиниот социјален живот. Таа ги споделува и своите искуства од живеењето во Англија и престојот во студентски дом. Ни објаснува зошто избрала да студира во Ворик и како изгледа студирањето таму, од часови до стекнување пријатели, таа ни дава добар опис за тоа како е да се биде студент во друга земја.“, велат Ана и Влатко, автори и водители на подкастот.

——-

„Прашај Паталец не Гаталец” 13.02.2024 S1EP3 – 20:00

Ана и Влатко овој пат дискутираат со Орхан Багашов околу неговите интереси за роботика и конструкторство уште од мала возраст, активностите за време на неговото средно образование, апликациите на факултети ширум светот и неговото искуство на универзитетот Манчестер во Англија. Како интересни теми спомнати се и вештачката интелегенција, хуманоидни роботи, стартапи, и многу друго.

——

„Прашај Паталец не Гаталец” 13.02.2024 S1EP2 – 20:00

Сте размислиле ли како може еден професор да има добро влијание врз учениците? Како навистина да им го пренесе знаењето, и што е разликата меѓу стравопочит и почит која професорот сам ја заслужува кај учениците 🤔?
Ова се дел од прашањата кои што Влатко и Ана ги зборуваат со нивниот гостин во новата епизода на Прашај Паталец не Гаталец.

За потребата од познавање повеќе странски јазици, меки вештини, студирање во Виена, волонтерство може да слушнете од Професорот Гери. 👨‍🏫📚

——-
„Прашај Паталец не Гаталец” 23.01.2024 – S1EP1 – 20:00

Во оваа прва пилот епизода на подкастот „Прашај Паталец не Гаталец” гостува Лука Павиќевиќ кој е поранешен претседател на Сојузот на Средношколци. Тој го раскажа неговиот пат и како тој во моментов е студент на највисоко рангираниот факултет во светот – “Харвард”. Преку неговите искуства и успеси ќе дознаете и ќе научите многу работи кои ќе ви бидат од полза доколку сакате своето образование да го продолжите надвор од нашата држава.