[Галерија] Живите статуи на „Театроск“ заиграа „Танго на улица“

„Танго на улица“ е годинешната тема на фестивалот „Статуафест“, кој од 23 до 25 јуни се одржува на скопскиот „Сквер Јадран“. Таму деновиве минувачите можат да видат 15-ина уметници од изведувачката група „Театроск“, кои се „претворени“ во живи и колоритни статуи.

„Фестивалот има тенденција да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги види и запознае оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, притоа ‘премачкани’ во и со тој разигран уличен миг на евергрин“, рекоа од „Театроск“.

Во продолжение, погледнете дел од перформансот на шестото издание на „Статуафест“:

Фото: Бојан Шашевски