[Видео] По 50 евра казна за боење на државни институции за Пировска и Најчевска

Десетина минути траеја разговорите на директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска во полициската станица Беко. Ним им е изречена казна од 50 евра за боење на државни институции.

Пировска истакна дека таа е повикана за протестот на 25 мај, за фрлање боја кон Министерството за надворешни работи.

„Признав дека сум фрлала боја и притоа изјавив дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го сторила и  сметам дека како граѓанин ова е мое легитимно право да го изразам револтот за ова што ни се случува во државата и за оваа криминална власт“, рече Пировска.

Не го потпишав налогот за плаќање. Таа порача дека нема да престане да излегува на протести и ваквите мерки нема да ги заплашат и обесхрабрат граѓаните да излегуваат на протести.

Работата е едноставна, криминалците се фатени на дело и затоа тие се обидуваат да ги корумпираат сите институции, правосудство и полиција, додаде Најчевска. Таа подвлече и дека ќе побарам од Министерството за култура авторство на сето боење на Скопје 2014.

„Ова е мој акт на разубавување на просторот во кој живеам“, рече Најчевска.

И Пировска и професорката Најчевска изјавија дека нема да ги плата казните, ниту пак да вршат општо-корисна работа бидејќи не се чувствуваат виновни.

Во знак на поддршка пред полициската станица Беко утрово се собраа голем број граѓани.