[Видео] Читачки акции во ЈСП и ГТЦ

Луѓето во автобусите на ЈСП и Градскиот трговски центар имаа можност да слушнат извадоци од најновите дела во светската книжевност, кои ги читаа група на студенти од Факултетот за драмски уметности.

Читачките акции се дел од промоцијата на второто издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, кој ќе се одржува од 24 октомври до 11 ноември.

„Оние кои имаа можност да ‘присуствуваат’ на читањето беа изненадени, но ја поддржаа идејата на фестивалот да го врати во мода читањето“, велат од фестивалот.

Оттаму се заблагодарија на помошта од студентите Елена Кузманов, Стефанија Митовска, Томислав Давидовски и Дарко Ристовски. Во продолжение, погледнете како изгледаа овие герила акции: