#SaveStruga: Повторно гори депонијата во Струга

Депонијата во Струга повторно гори, реагираат граѓаните на социјалните мрежи. Дел од нив го активираа и хаштагот #SaveStruga со кој бараат од институциите конечно да најдат решение за горливиот проблем.

И покрај тоа што стружани изминатите месеци организираа неколку протести поради горењето на депонијата, состојбата летово останува непроменета. Депонијата беше создадена пред десет години, на неполн километар од градот Струга и најавена како „привремено“ решение за да порасне во „чудовиште“ од 750 метри должина, 250 метри широчина и 13 метри висина.