[Отворено студио] Протестите за правда и полициската бруталност

Како ќе изгледа продолжението на протестите против полициската бруталност? Како граѓаните да се справат со зачестените провокации и обидите да се предизвикаат немири? Како да се задржи достоинството на протестите и нивната автентичност? Какво е влијанието на „женскиот фактор“ на овие протести?

Ова се темите на второто отворено студио на Радио МОФ, во кое ќе гостуваат Александар Нешковски, Сара Миленковска и Павле Богоевски од Хелсиншкиот комитет. Емисијата ја води Жарко Настоски.