[Видео] Најновата инсталација на Banksy во Њујорк – „Sirens Of The Lambs“

Најновата инсталација на Banksy во Њујорк - „Sirens Of The Lambs“

Прочуениот графити артист Banksy ја продолжува својата едномесечна изложба на графити и инсталации во Њујорк, наречена „Better Out Than In“.

[Видео] Најновата инсталација на Banksy во Њујорк - „Sirens Of The Lambs“

Овој пат, Banksy го става акцентот на реонот на Менхетн каде се наоѓаат триесетина кланици и фабрики за месо, познат како Meatpacking District. Во оригинално месарско камионче, тој постави стотина плишани животни, кои врескаат додека камионот поминува низ индустриската зона. Во следните две недели, оваа инсталација, наречена „Sirens Of The Lambs“ ќе го „прошета“ цел Њујорк.