МВР потврдува за над 100 повредени лица во насилниот упад во Собранието

Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во Собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.

Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземеле дополнителни мерки и активности со цел, како што велат, заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.

„До 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца  пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собрание на  Р. Македонија  нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор oд собранието“, соопштуваат од МВР.