Младинските прашања и политики – презентација на истражувања во среда во Јавна соба

Високата младинска невработеност и одливот на млади од државава, ќе бидат дел од темите за кои на 26-ти април, во Јавна соба ќе се презентираат резултатите од истражувањата фокусирани на политики и прашања за младите во Македонија.

Истражувањата се фокусираат на младинскиот активизам, одливот на младите мозоци, политиките на државата за искоренување на младинската невработеност, остварувањето на студентската пракса.

Настанот е со почеток во 13 часот, а повеќе детали за агендата и истражувачите можете да најдете ОВДЕ.

Истражувањата се работени од страна на: Калиа Димитрова, Самет Шабани, Петар Барлаковски, Деа Здравковска, Соња Митиќ и Ѓорѓи Димески и се дел од проектот „Градење на следната генерација на младински лидери“.