Избувна пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“

Избувна пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“Избувна помал пожар во женската зграда на третиот спрат во студентскиот дом Стив Наумов во Скопје.  Како што потврди командирот на противпожарната бригада во Скопје, Благоја Менковски опожарена е една соба.

Огнот избувнал од вклучена греалка, која се превртела и паднала на душек од креветот на една студентка. По разгорувањето на огнот, присутните почнале да го гаснат со противпожарен апарат, а по неколку минути пристигнале и две возила на противпожарната екипа.

Според Менковски, утврдена е помала материјална штета и нема повредени.

Студентите во домот за Радио МОФ сведочат дека биле исплашени од пожарот, а чадот го исполнил целиот ходник .

Овој дел од студентскиот дом Стив сеуште не е реновиран. Греалки, решоа и други електрични апарати не е дозволено да се чуваат во собите, велат студентите.