[Галерија]Протестен марш за спас на Радика

Поголем број граѓани, жители на регионот и активисти вчера со протестен марш за спас на реката Радика побараа да запрат електроенергетски проекти „Луково Поле“ и „Бошков Мост“, кои Владата планира да се изградат во националниот парк „Маврово“.

Протестен марш за спас на Радика

Тие се незадоволни од тоа што со изградбата на хидроцентралата која ќе ја зафати реката Радика, оваа планинска област целосно ќе пресуши, а проектот ќе има катастрофални последици за реон. Активистите дополнително предупредуваат дека вакви градежни активности се недозволиви во национални паркови каде живеат заштитени ендемски видови.

„Сакам да им се заблагодарам на сите учесници (од Дебар, Река, Скопје, Гостивар, Струга и Албанија) на вчерашниот пикник-посета во месноста Луково поле. Истовремено сакам да ја информирам пошироката јавност, дека вработените во претпријатието на Националниот Парк Маврово, не попречија во слободното движење блокирајќи го патот со нивнот службено возило, поддржани и од присуството на граничната полиција (со јасна намера да се предизвика некаков инцидент) Но, ние не наседнавме на таквите провокации па какпо резултат на нивната акција, пикник-посетата се претвори во протестен марш (долг повеќе од 8 километри) со цел и на ваков начин да се дигне гласот против изградбата на електроенергетските објекти во Националниот Парк Маврово и за спас на реката Радика. За жал сведоци бевме дека со сегашната бифуркација Радика е веќе пресушена, ЕЛЕМ не пушта ниту една капка вода во Радика туку целосно сите води ги пренасочува во Мавровски езеро“, објави на Фејсбук Бардул Марку, од Иницијативата „Спас за Радика“.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите направени во текот на вчерашниот пикник:

1

10616581_10203858591559404_4035775300162483939_n

6

5

4

3

2

1