[ФОТО] Студентите го окупираат Филозофски – Ајде да го освоиме назад универзитетот!

Со ранци и вреќи за спиење, студентите од Студентски пленум се собраа пред Платото на УКИМ на седмиот студентски пленум и каде побараа да им се врати универзитетот и најавија креирање автономна зона. Тие влегоа на Филозофскиот факултет каде ја најавија окупацијата.

Во говорите кои ги држеа пред присутните, Пленумци прашаа како е можно да му веруваат на Премиерот и зошто додека се случува нивниот собир, на јавниот сервис (МТВ) се уште се врти спотот за тоа колку е добар државниот испит.

„Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование. Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона!“, порачуваат Пленумци.

33

333