Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Љубителите на електронската и класичната музика викендов имаа можност да уживаат во несекојдневен концерт кој се одржа во Античкиот театар во Охрид.

Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Музичко–сценскиот спектакл на познатиот американски диџеј Дерик Меј и уметниците од Македонската филхармонија предизвика воодушевување кај бројната публика која освен во интересниот спој на електронската и класичната музика, уживаше и во фантастичните светлосни ефекти и визуелизации.

Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Диригентот Џијан Емин заедно со одличните уметници од Македонската филхармонија, ја потсети публиката на најголемите хитови на Дерик Меј, кои на концертот добија сосема поинакво светло.

Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Целиот мултимедијален проект наречен „Музика универзалис“ е идеја на продуцентската куќа „Излет мјузик“, под покровителство на Министерството за култура.

Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Пионерот на техно сцената во Детроит, Дерик Меј, кој го нарекуваат Мајлс Дејвис на електронската музика и е познат на македонската публика во гостувањата на домашната клупска сцена, почнувајќи од неговото прво гостување во 2000 година.

Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Дерик Меј и Македонската филхармонија ја воодушевија публиката во Охрид

Концертот е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на најстариот национален ансамбл и е замислен како мала воздишка од класичната музичка програма што доминира на репертоарот на Филхармонијата, и претставува потрага по нови форми на презентација и нова публика во помладите генерации.