Демонстрантите се упатија кон Влада, нова тура јајца и боја по Триумфалната порта

Со нова тура јајца и боја демонстрантите ја поздравија Триумфалната движејќи се од Собранието до плоштадот Македонија, со намера да продолжат кон Владата како една од дестинациите на денешниот протест во Скопје.

Полиција го обезбедува Камениот мост, каде не се дозволува движење на демонстрантите. Тие продолжија по уличките што го спојуваат плоштадот со улицата Максим Горки.

Во својот говор пред Собрание режисерот Југослав Петровски порача дека ваквото однесување на власта нема да помине кај граѓаните.

„Кога ќе победиме за некој месец, некоја година ќе им го излупиме Скопје 2014 и ќе им го подариме тој стиропор во Идризово“, рече тој.

Владимир Делов пак изјави дека нема проговори во вакви услови, поради што протестите ќе продолжат. Тој потсети на барањата на демонстрантите – итна оставка на Иванов, произнесување на Уставен за уставноста на СЈО, како и повлекување на одуката за одржување избори на 5 јуни.

„Преговори може да се одвиваат, но протестите нема да стивнат. Дотогаш нашата политичка борба останува на улиците“, рече Делов пред присутните.

Со плакати во рацете на кои пишува „Но пасаран“ илјадници граѓани втора недела излегуваат на протести за мир, правда и демократска држава.