Арт Пред Март – Со уметност и активизам до младинското будење

Со цел уметноста да се доближи до младите луѓе, како и да се промовираат младите уметници, во Домот на АРМ се одржа целодневниот настан „Арт Пред Март“. Посетителите имаа можност да присуствуваат на повеќе работилници, да слушаат различни предавања, но и самите да творат. На овој начин, сметаат организаторите, младите можат да увидат колку е силна уметноста и колку е голема нејзината примена во активизмот.

Арт Пред Март – Со уметност и активизам до младинското будење

Според Петар Антевски, координатор во Младинскиот образовен форум, активизмот е речиси составен дел од уметноста и тоа не може да се занемари. Сепак, додава тој, голем проблем е тоа што уметноста честопати се занемаруваат во образованиот процес.

„ Мислам дека младите се заинтересирани за уметност, но немаат доволно платформи каде би можеле да ја искажат својата љубов кон неа. Почнувајќи од основното и средното образование во училиштата има недоволен број на предмети поврзани со уметноста. Освен ликовно како задолжителен предмет и можеби драмска секција уметноста е запоставена токму во годините кога младите највеќе треба да го развиваат  тоа чувство и тие емоции,“забележува Антевски.

 Арт пред март

За актерката Сања Арсовска, еден од предавачите на „Арт Пред Март“, уметноста во Македонија е маргинализирана и не се цени доволно. Спасот Арсовска го наоѓа во алтернативните форми на изразување и во активизмот.

„Активизмот и уметноста се многу блиску поврзани едно со друго. Јас како актер можам да искажам некој проблем преку претстава или да зборувам за некоја актуелна тема која е загрижувачка за македонското општество но за жал темата на претставата ја осмислува некој друг. Но затоа постојат алтернативни, неформални методи како може да се прикаже активизмот преку уметноста, дали преку алтернативни претстави, музички перформанси или нешто слично,“ коментира Арсова.

Арт пред март

Арт Пред Март е целодневен настан наменет за средношколци и студенти, но и за сите лица кои беа заинтересирани за производот на уметноста и активизмот. Организатор на настанот е Младински Образовен Форум.

Дамјан Коложег